Квасецот се става во водата и шеќерот да стасува. Со стасаниот квасец се замесува тесто од брашното, затоплениот јогурт, зејтинот, солта и се остава да стаса.
Стасаното тесто се развлекува во тенка кора и се сечат коцки кои се полнат со филот и се ролаат. Ролничките се макнуваат, превртуваат во маргаринот и се редат во неподмачкан плех да се печат претходно стасани. Пред да се стават на печење се полеваат со преостанатиот фил на кој му се додава уште едно јајце

Фил
Сирењето се дроби со вилушка и се меша со павлаката и двете јајца. Филот што ќе остане значи му се додава преостанатото јајце се промешува и се полеваат ролничките пред печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела