Вкусно предјадење баш за овој период. Црвените пиперки измиени ги печеме. Јас ги печам на хартија за печење во рерна и при печењето ги вртам еднаш. Печените пиперки се чистат од лушпите и семките. На најлонска фолија се поставуваат пиперките распослани.
Модриот патлиџан се сече на кругови, се посолува и се остава да отстои малку. Потоа се пржи на зејтин. Им се трга кората и модрите пржени патлиџани се ставаат врз црвените пиперки. Моцарелата се сече на парчиња и се става врз модриот патлиџан. Се витка ролат со помош на фолијата и се става за кратко, околу половина час во фрижидер. Потоа се трга фолијата, се става ролатот врз хартија за печење, се полева малку маслинов зејтин, се става врз него малку пармезан, се ставаат неколку чепкалки за да не истече моцарелата и се запекува во рерна на 200 степени околу 15 минути. Откако малку олади, се тргаат чепкалките и се сечат парчиња.
Едноставно и вкусно.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови