Во сад на оган се ставаат водата, шеќерот и маргаринот да зовријат.
Потоа се тргаат од оган и во нив се додаваат мелените бисквити, оревите, кокосот и сувото грозје кое претходно се потопува во рум.
Смесата убаво се промешува додека да се соединат состојките.
Обландите се ставаат на мокра крпа да омекнат.
Во еден дел од смесата се става растопена чоколада.
Одкако ќе омекнат обландите се започнува со редење.
Врз првата обланда се става кафеав фил, па потоа врз неа се става другата обланда убаво се притиска и одозгора се става белиот фил.
И се започнува со виткање на обландите како ролат.
Добиениот ролат се завиткува во прозирна фолија и се става во ладилник да се стегне, но треба да стои на рамна површина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови