Подготовка
Млекото го загреваме на умерена температура ко е го сипуваме во сад за месење во него го додаваме маслото квасецот јајцето и сите останати состојки.Постепено го додаваме брашното и замесуваме средно меко мазно тесто кое ни се одлепува од садот за месење.Тестото го оставаме да одмори 15мин. Формираме десетина топки кои ги расукуваме премачкуваме со путер и ги редиме една врз друга.Кората ја расукуваме во голема правоаголна форма која целосно ја премачкуваме со путер и мотаме ролат.Од ролатите кои ги селчеме ја формираме погачата така што секој ролат го редиме по краевите на тавчето или тенџерето еднен до друг.
Погачата ја печеме на 200степени половина час потоа намалуваме на 180степени уште дваесетина минути. Пред печење погачата ја премачкуваме со жолчка и млеко и посипуваме со сусам.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани