Започнуваме со подготовка на корите.
Белките го оделуваме од жолчките,матиме се додека не добиеме густа пена.Додаваме шеќер повторно матиме додека не добиеме густ фил,прекинуваме со матење и ги додаваме останатите состојки но истите ги мешаме нежно со шпатула.Смесата ја ставаме во плех од шпорет обложен со хартија.Подготовката на преостанатите две теста е иста само што се додава чоколада и ореви.
Тестата ги печеме на 180 степени дваесетина минути,истите кога це се изладат пред да се филуваат се полеваат нежно со лажица со млеко и рум.
Пудингот го вариме заедно со шеќерот на веќе познатиот начин но овде ги матиме и жолчките во ладното млеко заедно со пудингот.Вариме се додека не добиеме убава густа крема,во врелиот крем го додаваме чоколадото и мешаме.Кремот го покриваме со проѕирна фолија и одкако добро ќе ни се излади го соединуваме со миксер со веќе матениот путер и прах шеќер.
Тортата ја филуваме со чоколадниот фил и декорираме по желба.
Тортата ја подготвив за мојот роденден.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани