Уште една роденденска тортичка која брзо се прави, а и доста е вкусна.

Најпрво ги правиме паниспањите. Правиме две вакви паниспањи.
Во подлабок сад ги биеме јајцата заедно со шеќерот и кога ќе се избијат убаво го додаваме млекото (топло) и маслото и биеме се уште со миксерот. Кога сите состојки ќе се избијат убаво го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното и пецивото и мешаме со дрвена лажица.На крај го додаваме афионот.
Паниспањите ги печиме во тркалезно тавче бр.26 обложено со хартија

За филот (црниот)најпрво го топиме чоколадото со маслото. Во подлабок сад ги ставаме оревите и ги потурваме со жешкото млеко и веднаш го додаваме чоколадо и се убаво мешаме.

За белиот фил ги вариме пудинзите со млекото го додавме шеќерот и вариме се додека не се згустат. Ги оставаме да се изладат и потоа го додаваме шлагот претходно биен според упатството од кесичката.

За подготовката на филот за украсување најпрво ги вариме пудинзите со млекото и шеќерот се додека не се згустат. Ги оставаме да се изладат и потоа го додаваме шлагот и се заедно мешаме.

Ја земаме едната паниспања ја филоваме прво со половина од белиот фил и над белиот фил го нанесуваме цел црн фил.
Ја ставаме втората паниспања го нанесуваме останатиот бел фил и на крај го ставаме филот со пудинзите и шлагот.

Најгоре наросуваме мелени ореви и рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови