На сите може да ни се случи понекогаш да ни остане од ручекот или вечерата, овие топчиња се токму такви т.е од печен компир и пилешко кои ни беа останати од ручекот. Јадење не се фрла, а ладен или подгреан компир воопшто не е вкусен, па од таму идејата за точињата.
Останатиот печен компир и пилешко испасирајте ги со вилушка и формирајте топчња од смесата.
Изматете го јајцето со прстофат сол и изронете го со рацете корн флексот.
Топчињата најпрво извалкајте ги во брашното, па во јајцето и на крај во корнфлексот, а потоа ставете ги во замрзнувач околу 10 минути пред да ги пржете во загреано масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани