1. Исечете ги ресаните на 4 дела. Бисквитите искршете ги и заедно ставете ги во една подлабока вангла.

2. Додадете го кокосот и ренданото чоколадо, па убаво измешајте.

3. Во тенџере на оган ставете го маргаринот во млекото да се стопи и оставете да врие околу една минута.

4. Смесата уште жешка истурете ја во ванглата и измешајте.

5. Потоа истурете ја смесата на подлогата од кутија за торта и обликувајте ја тортата со раце.

6. Оставете ја во фрижидер да се стегни и одозгора филовајте ја со шлаг пена или глазирајте ја со растопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани