Во вангличка ги ставаме јајцата и малку со вилушка ги разматуваме.
Додаваме спелтино брашно и замесуваме тврдо тесто.
Тестото го делиме одприлика на 8-10 топчиња за да ни биде полесно за работа.
Земаме едно топче, а останатите ги покриваме со крпа за да не ни се суши тестото.
Го поминуваме прво на 3 на машина за кори, па на 5, па на 7 , па на 9.
Постапката е иста со целиот материјал.
Сега постиламе чист чаршав на рамна површина.
Го монтираме делот за правење резанци на машинката за кори и ги сецкаме подготвеноте ленти.
Оставаме два дена да се просушат на собна температура, потоа ги собираме во платнено ќесе.
Заврзано ќесето го оставаме на сонце да одстои уште 2,3 дена( но навечер го прибираме, како не би примиле резанците влага)
По потреба вариме како прилог кон печено месо, или ги вариме , па гратинираме со неколку вида сирење, или ги користиме во чорба.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани