Вкусна и многу брза салата идеална за свечености.
Најпрво ги вариме компирите и ги рендаме во сад. Истото го правиме и со сите состојки. Во длабок сад најпрво ставаме од ренданите компири, па премачкуваме со павлака. Потоа ставаме слој од ренданата салма и пак премачкуваме со павлака. Потоа ставаме слој рендани јајца, павлака, крастајчиња, павлака, сирење, павлака и на крај морковите и премачкуваме со подебел слој павлака и мајонез. Украсете по желба!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови