Прво се вари шербетот, откако ќе зоврие, 15 минути се вари на умерена температура. Се остава да се излади. Правоаголна тава 32x24 се премачкува со масло, се ставаат една врз друга 5 кори, помеѓу секоја се попрскува масло. Пред да се почне со редење, корите се сечат према димензиите на тавата.Малите парчиња што ќе останат се сложуваат и се сметаат за една кора. После првите 5 кори се посипува фил-смесата. Потоа се ставаат 3 кори, секоја попрскана со масло, а на третата и фил. И така додека не се потрошат корите.За најгоре се оставаат 4-5 кори, кои се попрскани само со масло. Се сече баклават во саканиот облик. Остатокот од маслото се зоврива и се попрскува одозгора на баклавата, и со четка убаво се премачкува целата површина. Се пече во загреана рерна на 150 степени додека убаво не порумени. Штом се заниша тавата и убаво лизга баклавата е готова. Се остава 10-15 минути да се олади, па се полева со ладниот шербет.Кога целосно ке се олади се покрива со фолија и се става во фрижидер. После ден-два е поубава. На здравје