- Пригответе ги мафините според упатството на самата амбалажа. Откако ќе ја сработите смесата, додадете свежи или суви боровинки, измешајте, помогнете си со лажица за црпење на сладолед. Распределете ја смесата во подметачите кои се во паковањето. На секој мафин одозгора ставете од кремот направен со крем сирењето, со ноже израмнете по површината или вилушка рашарајте (ако сакате да имате мраморен иглед на пресекот), ставете да се пече.
- За промена од класичен мафин - интересни се овие како на изглед така и на вкус.
Напомена
- Многу пати знам наместо крем сирење да користам кисела павлака - секогаш добри.

Срекни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани