Секој инстант пудинг се мати со ладното млеко во кое на крај додаваме по една лажица шеќер во прав и кисела павлака.

Јаготките ги сечкаме и оставаме по една помала или неколку за украсување.

Во секоја чаша ставаме прво по една лажица мелена гранола, врз неа да покрие пудинг од јагода, повторно гранола, па редиме од сечканите јаготки и ги прекриваме со пудингот од ванила, врз кој повторно оди слој мелена гранола и над неа завршуваме со слој пудинг од јагоди.
Секако, последната чаша ќе има да се наполни со пудинзите во обратен редослед.

Одозгора украсуваме со шлаг и помали парченца јаготки.

Оставаме кратко во фрижидер (а не е проблем и веднаш) и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани