За време на топлите денови омилени ми се брзи и лесни оброци кои истовремено се нај вкусни.Јас како голем фан на италијанската кујна многу често дома приготвувам различни видови на паста со различни сосови.
Равиолите се купечки готови ама сепак беа многу вкусни.
Прво го подготвуваме Наполитана сосот. Доматитите на неколку минути ставете ги во вода која врие и излупете ги.
На маслиново масло на тава на оган ставете го ренданиот кромид и пропржете кратко. Додадете ги ситно сецканите домати. Зачинете со оригано, босилек, шеќер(за да не биде кисел сосот), сол и бибер. Додадете многу малку вода и оставете да се динста на тивок оган околу еден час. Ако има потреба додавајте вода.
На крај со стапчест миксер испасирајте ги доматите од сосот.
Равиолите сварете ги во солена вода околу 5 минути. Кога се готови додадете ги во садот со сос и динстајте околу 5 минути.
Наросете со пармезан или кашкавал и служете топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови