Предлог за меки и вкусни солени мафинчиња кои можи да ги изедите за појадок со чаша јогурт или пак да ги вметните во соленото предјадење за пречек на гости. Иако составот им е само со пченкарно брашно, нивната сочност ме воодушеви особено додека беа топли. Кога сме кај воодушевувањето, конечно за прв пат го употребив делимано калапчето за мафини, кое освен што е практично за употреба, дури и формата што ја добиваат е полична од класичниот лимен калап кој го имав предходно.

Со жица изматете ги јајцата. Секоја состојка ја мешаме со помош на жицата за матење. Додадете го маслото, па јогуртот. Потоа, додадете ги брашното, солта и прашокот за пециво.
На крај со лажица вмешајте го ситно издробено сирењето и ситно исецканиот свеж спанаќ.
Јас во еден дел наместо спанаќ додадов црни маслинки. Спанаќот, маслинките, сметајте ги како додаток на рецептот. Можи и без нив, а можи да се додава и обарен морков, грашок и сл. По желба.

Со помош на лажица полнете ги 2/3 калапите за мафини и печете во загреана рерна на 180-190С околу 25 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани