Едноставна и брза комбинација која препорачувам да ја пробате.

1. Макароните се ставаат да се варат во посолена вода со маслиново масло. Јас избрав шарени за поинтересен изглед, но, може и со обични, интегрлни и др. тестенини.
2. Маслинките се сечат на ситни парчиња.
3. Во длабока тава се става маслиново масло и путер и штом малку се загреат се додаваат маслинките.
4. Кога макароните се сварени (отприлика 10 минути) се цедат и се истураат во тавата со маслинки. Убаво се промешува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови