Малку поинакви крофни од стандардните, додавањето на путерот ги прави многу меки, а лимонот им дава еден убав шмек.

1. Брашното го просејуваме во длабок сад, додаваме и прстофат сол.
2. Во топлото млеко го додаваме квасецот, 2 големи лажици брашно и 1 голема лажица шеќер (од вкупната количина) - оставаме да се активира квасецот.
3. Во меѓувреме жолчките ги соединуваме со шеќерот, ванилата, путерот, ракијата, кората и сокот од лимонот. Мешаме убаво да се соединат сите состојки. Оваа смеса се додава кај брашното.
4. Го додаваме и активираниот квасец, замесуваме меко и нелепливо тесто, кое го оставаме покриено на топло да стаса.
5. Од стасаното тесто расукуваме кора во дебелина од околу 1цм на намрсена работна маса.
6. Сечеме кругчиња со помош на чаша (или форми по ваша желба)
7. Исечените кругчиња ги покриваме со крпа и ги оставаме на топло да стасаат.
8. Ги пржиме во загреано масло на средна температура. Долната страна ја превртуваме нагоре и така ги ставаме да се пржат, поклопуваме со капак. Потоа ги вртиме од другата страна да се допржат, ама без капак.
9. Готовите крофни ги вадиме врз хартиена салфета. Им ставаме чоколаден прелив и шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани