Кога нешто работиш со голема страст и љубов, резултатите неизбежно следат еден по друг.Рецепт по рецепт стигнав и до мојот 400 рецепт, кој со огромно задоволство го споделувам со Вас.
Сите признанија за рецепт на денот, добиените награди за рецепт на месецот, не би биле исти без Вашата подршка, убавите и критички коментари, лике-ови и споделувања.
Умеењето со храната се стекнува со постојано подготвување на нешто ново.
Јас и понатаму ќе работам на мојата вештина и со радост ќе ја дополнувам содржината на овој блог за готвење, кој случајно го открив пред неполни 2 години, а кој ми пружи многу нови пријателства и прекрасни искуства.
Уште еднаш благодарност на целиот тим на МР што постојат.
Оваа торта што ја подготвив содржи 10 слоја, многу е сочна и вкусна.

Начин на подготовка.
Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот за темното тесто и се мати до згуснување.
Постепено се додаваат останатите состојки и убаво со лажица се промешува смесата.
Се става да се печи во округла тава бр 26 , околу 10 минути, па изладена се сечи на половина, за да се добијаат 2 теста.
Јас за попрактично смесата ја делев на 2 дела и печев во 2 тави бр 26.
Вие како сакате.
Исто се постапува со светлото тесто.
Јајцата со шеќерот се матаат, се додаваат останатите состојки, се промешува со лажица и смесата се печи во 2 округли тави.
На ваков начин сме добиле 4 теста.
Сега се спрема влажното тесто.
Во вангличка се ставата јајцата и шеќерот и се матат.
Се додаваат останатите состојки и се печи во бр 26.

Додека се печи го спремаме преливот за ова тесто.
Во касерола се загреваат до степен на изедначување, путерот, чоколадото, водата, шеќерот, ванилата и румот.
Топлото испечено тесто се крши со раце и се прелива со топлиот прелив.
Со раце се соединува убаво и се нанесува во калап бр 26 врз прозирна фолија да се стегни.

За тоа време се подготвува кремот.
Во сад се оделува малку од млекото, се става густин и пудинг и се промешува.
Остатаокот од млекото се става во касерола заедно со шеќерот и во танок млаз се додава смесата.се вари до згуснување.
Се лади, па му се додава изматениот путер.
Сега на послужавник се става темно тесто, се попрскува со мешавима од млеко и рум, се премачкува со 1/4 од филот, па се става светло тесто и тоа се попрскува со мешавина од млеко и рум, се премачкува со 1/4 од филот, се стаав влажното тесто, па одма се премачкува со 14/ крем, се става светло тесто, се попрскува со мешавина од млеко и рум, се става крем 1/4, се става темно тесто.
Вака спремна наредена тортата се остава во фрижидер 30 минути.
За тоа време се спрема ганаш кремот.
Во касерола на тивок оган се ставаат да се изедначат слатката павлака и чоколадото. Се тргаат од оган и се оставаат да се излади. Потоа со миксер се мати смесата. Со овој крем се покрива цела торта.
Се полни шприц за декорирање на торти и се декорира долниот дел на тортата.
се мати белиот шлаг и се декорира горната ивица на тортата.
На крај се соединуваат една лажица ганаш крем и 2-3 лажици шлаг и се завршува декорирањето на тортат заедно со сребрени бомбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани