Експресен десерт со интересен вкус.
Во модла за пудинг се става 1 лажица мусли (јас ставив овошни од малинки и капинки). Пудингот се вари според упатството и се тура малку во модлата да се покријат муслите, пак се става уште 1 лажица мусли и се дополнува со пудингот.
Се работи веднаш додека е жежок пудингот.
Се лади добро и се превртува пудингот од модлата во чинија.
Пудингот (нормално) може да биде со вкус по желба.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани