Еден прекрасен начин како да се искористи стариот леб.
Парчињата леб се мачкаат со путерот и џемот се сечи на четвртини или на помали парченца, во еден сад се ставаат јајцата, шеќерот, ванилата и се разматува за малку, потоа се додава малку затопленото млеко. Откако ќе се заврши со подготовката, се намачкува тавичката со путер, се става лебот, се додава сувото грозје и се прелива со смесата од млеко и јајца. Така подготвен пудингот се става да се печи во рерна на 180 степени за 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови