1. Киноата ја миеме и оставаме да стои во ладна вода околу 15 минути. Ја цедиме и ставаме во ѓезве. Ја додаваме водата и ја вариме киноата на средна температура, повремено мешајќи. Вариме околу 15 минути. Киноата треба да ја впие цела вода, но доколу е многу вода , а киноата е сварена, исцедетеја вишокот вода.
2. Во жешката киноа ги додаваме коцките чоколадо, медот, мелените ореви, какаото и аромата од ванила. Мешаме додека не се стопи чоколадото и не се соединат состојките.
3. Пудингот го оставаме малку да се излади , ставаме во чаша, декорираме со неколку кругови банана и сецкани ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани