- Стопете го путерот или маргаринот и оставете да се лади.
- Изматете ја жолчката со шеќерот додавајки притоа румот и водата, потоа ставете над пареа да се вари постојано со жица матејки, кога ќе се направи траг на дното - жолчката е сварена. Тргнете, додека е топло додадете го путерот (маргарин) и веднаш истурете го пудингот, добро избркајте, ќе добиете мека смеса. Оставете да се олади добро, потоа правете бомбички, валкајте во кокос, мелени ореви, бадеми, лешници, ваш избор.
Лесно, брзо, пријатна сочност и вкусно.
Напомена
- Од оваа смеса не излегуваат многу бомбички, нормално раководејки се од големината, затоа и веднаш ви предлагам без размислување правете со дуплирани состојки.
- Овојпат валкани во лешник, а морам да ви кажам дека и со кокос се одлични.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани