1. Празот ситно го сецкаме.
2. Во длабок сад ги ставаме јајцата, со вилушка ги матиме. Ги додаваме киселото млеко, урдата и празот. Промешуваме.
3. Во смесата ги додаваме солта, пецивото, пченкарното, ‘ржаното и брашното од хељда. Мешаме со лажица. Ги додаваме маслото, киселата вода и сончогледот. Мешаме со лажица додека да се соедини смесата. Смесата ја ставаме во правоаголно длабоко плехче обложено со хартија за печење. Ставаме сусам врз пројата.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани