Жолчките се матат со зејтинот и постепено се додава јогуртот, брашното, пецивото, сирењето, чварките и на крај снег од белките. Се додава сол по вкус, кимот и се истура во плех, па се пече околу 25мин на 180
Ова е многу брз и едноставен доручек. Сирењето е подобро да се издроби низ прсти затоа што ако е рендано брзо се топи, а вака се чувствува неговиот вкус. Чварките се ставаат по вкус на готвачот, а јас често ги менувам и со некое суво месо, колбаси или што ќе се најде дома. Пројата е рецепт кој трпи промени и секогаш може да ја подготвите со различен вкус

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела