Вкусни проја мафини кои можете да ги направите и во форма на пита, кај мене пола на пола ги поделив.

Подготовка
1. Сланината ја сечкаме на многу мали коцкички и ја пропржуваме.
2. Корите ги сечеме на ленти и ги растресуваме за да не бидат споени.
3. Пецивото го промешуваме заедно со брашната.
4. Јајцата ги матиме со вилушка, па го ставаме и сирењето во нив, па течните состојки.
5. На крајот ги додаваме брашната, корите и сланината. Сето ова го мешаме со миксер или пак рачно, како сакате.
6. Половина од смесата ја распоредив во калапи за мафини. Во дел ставив хартиени корпички, а во дел не ставив,само го подмачкав со масло, а вие како сакате. Остатокот го истурив во Делициа округлата тава бр. 26 и ги печев на 200 степени.

Забелешка
Јајцата можете и со миксер да си ги изматите. Мафините беа вкусни, ама за мој вкус т.е. за да бидат идеални би сакала да се малку повлажни, ама сепак се работи за вкус....Вие пробајте ги па ќе утврдите дали ви се допаѓаат вака или би направиле некои измени во нив. Од људството што ги проба не слушнав негативен коментар.
Од оваа доза излегоа 12 мафини и една пита со големина колку тавче бр. 26, ама не многу висока, што се гледа и на дополнителните фотографии. Јас имав потреба да ги делам, а вие како ви се условите и желбата така правете ги.
Оние мафините кои не ги ставив во хартиени корпи лесно се вадеа од калапот.
За посип користете семиња по желба. Сол не ставав зошто и сланината и сирењето се солени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани