Во овие пролетни денови кога во изобилие ја има копривата и нането подгответе го ова гравче за домашните.
Гравот се налева со вода и се става са зоврие. Откако ќе зоврие првата вода се истура и се налева со врела вода, па се става да се вари.
Во зависност од квалитет на гравот времето на варење е различно. Јас најчесто го користам зеленото гравче (на есен го замрзнувам)
Откако ќе почне да се вари кон гравот се додава морковот, целерот, ловорот, кромидчето и сувото месо исечено на поситни парчиња.
Кога гравот е сварен се додава ретка бела запршка и врвовите од копривите и нането.
Се остава да фрли еден клуч-да зоврие и се трга настрана. Гравот се зачинува со сол и зачин по вкус.
Копривата има малку специфичен вкус затоа тука е нането да го збогати вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани