Мешавина од суви зачини која се користи како додаток на кое било јадење. Нам ни е омилена. Долго време користевме купечка, но на интернет најдов рецепт, па си ја направивме и сами.

Сите суви зачини и солта измешајте го во еден сад. Чувајте ги запакувани во тегла со капак или во мелница за бибер.
Ловоровиот лист искршете го на парчиња пред да го промешате.
Со сувата лаванда бидете многу внимателни и додавајте ја постепено во мали количини, бидејки е многу јака.

Количините на кој било зачин може да варираат според вашиот вкус, па дури и тие од основата.

Пријатни јадења! :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани