1. Прво течноста, тие 2 шолји вода ги ставаме на оган да стигнат до точка на вриење. Кога е врела водата додаваме прстофат шафран и го поклопуваме садот.
Тргаме на страна и оставаме така да одстои околу 10,15 минути, шафранот да ја пушти својата прекрасна боја и арома.
2. Во тенџере ставаме масло и ги пржиме ситно сецканиот морков и ситно сецкан кромид. Од кога ќе застаклат, додаваме измиени зрна ориз, и тие на умерен оган да се запрат. Промешуваме и додаваме ситно сецкан целер и зачини.
Сега ја додаваме водата со шафран. Јас ја процедив низ цедалка, што и не е задолжително.
Го покриваме тенџерето со капак и од кога ќе зоврие течноста, намалуваме на температурата и готвиме поклопено на најтивок оган, се додека течноста не испари, околу 15 минути.
Тргаме од оган. И така поклопено нека одстои. 5 минути.
Потоа само го растресуваме со вилушка подготвениот ориз.
Го сервираме на штотуку испржените, маринирани кременадли.
Попрскуваме со сок од лимон и конзумираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани