Ова прилог, а за со прилогот, смислете си вие што ќе ставите, кај мене на сликата гледате има место за мевце, тоа се печеше, а сонцето веќе бегаше - немаше да можам да сликам. А комотно може да си биде и целосен оброк.
1. Нелупен компирот сварете го.
2. На зејтин ставете да ја пржите сланината, кога е наполу пржена додадете го сецканиот морков и на кругови исечен кромидот кој ќе се пржи се до неговото омекнување. Потоа додадете го сварениот грашок, и на крај варениот исечен компир.
3. Осолете, побиберете по сопствен вкус, но притоа внимавајте да не пресолите водејки сметка дека сланината е солена.
- Јас денеска одлучив да сменам малку од рецептот и ја додадов сварена златната мешавина... пиперката во него малку ми матеше мозокот, но испадна сосема добро. Но, секогаш има некое НО - само со грашок ми е мнооооогу повкусно.
Оваа моја примедба да не ве разочара, па нели за вкусови не се разговара, одличен е прилогот и вака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани