1. Крапот исечен на кременадли убаво го миеме и го редиме на подебела кујнска крпа убаво да се впие водата. Го насолуваме од сите страни, втриваме сол со прстите и го оставаме така да постои.

2. Од брашното, гризот, црвениот пипер и солта спремаме смеса во која го валкаме секое парче. Го пржиме на умрен оган во повеќе масло. Се сервира со компир салата.

Главата не ја пржам, од неа правам превкусна рибина чорба. За тоа во друга прилика. Во крапот имаше и млекце, и него го испржив на крај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови