Рибата добро ја миеме и ја засекуваме.
Убаво ја посолуваме од сите страни и ја триеме да се посоли насекаде и во внатрешноста.
Оставете ја 30 минути во фрижидер поклопена со фолија.
Во сад го ставаме ситно сецканиот кромид.
Додаваме мешан сув зачин, магдонос, лукче и сок од пола лимон.
Сето тоа добро го мешаме да се соедини.
Ја отвараме пастрмката и ја полниме со маринадата.
По желба можете да ставите и во засеците кои ги направивте на површината.

За маринадата за премачкување е потребно
Во друг сад ставете 3 чешниња лук и две лажици ситно сецкан магдонос.
Додајте 1 лажица вегета,3 лажици балсамико оцет и 100 мл маслиново масло .
Промешајте и оставите да стои.
Во тавата ставете масло .Рибата извалкајте ја во мешавина од палента и брашно па ставете ја да се пржи.
Свртете ја од двете страни да се испржи добро.
Откако е пржена премачкајте ја со маринадата за премачкување.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови