Вкусна летна манџа.

1.Црните домати се мијат, им се сечи петелката и се расекуваат на половина по должина. Се бришат, се посолуваат со сол на сечената страна.Се ставаат на кујнска хартија, се оптеретуваат со нешто тешко и така стојат околу 30 мин. На овај начин се губи горчливиот вкус и се испушта течноста. Потоа се сецкаат на коцки.
2.Се ставаат во загреана тава на малку масло да се пржат, динстаат со покриен капак околу 10 мин., со повремени мешања.Се додава и ситно сецканото лукче, мешаниот сув зеленчук, мелениот црн пипер.
3.Се сецкаат на коцки црвените домати и тие се додаваат во тавата да се пржат, околу 5 мин., со повремено мешање, за да не загори.
4.После тоа време се прават четири вдлабнатинки во смесата и во секоја се крши по едно јајце.Се покрива со капакот и се готви додека се зготоват јацата.
Се сервира топло.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови