Освежувачки, сочен, вкусен, декоративен, вистински зимски колач
Прво направете го сирупот, ставете ја водата и шеќерот да повријат минута, две.
Тепсијата обложете ја убаво со хартија (бр 30)
Цитрусите измијте ги и пресечете ги на кругови со дебелина отприлика од 1 цм. Сечете ги со се кората, а потоа со остро ноже отстранете ја.
Во тепсијата ставете прво половина од сирупот, ставете ги круговите од овошјето и прелијте ги со другата половина од сирупот.
За тестото измиксајте ги јајцата со шеќерот, додајте го стопениот путер и јогуртот, а потоа измешајте ги сувите состојки.
Прелијте ја смесата врз овошјето и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени отприлика половина час.
Колачот превртете го дури кога убаво ќе биде оладен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови