Се топи црната чоколада со 3 лажици масло. Се премачкуваат силиконските модли и се оставаат да се стврднат. Потоа настрана во друг сад се топи другата црна чоколада и се додава 4 лажици еурокрем и 1/2 лајче кафе и се меша да се добие еднолична смеса. Во оваа смеса се додаваат мелените ореви и заедно се меша. Со ова се полнат калапчињата и одозгора се залеваат со едно лајче стопена чоколада. Се ладат пралините.
Истото се повторува и за белите пралини така што прво се топи белата чоколада и се прелеваат калапите, а потоа се става од филот со еурокрем, кафе и ореви.На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани