Моите омилени розен кори...
Еве уште еден прекрасен рецепт, предлог за празнична трпеза.

Еден ден пред да ја подготвиме тортата ги подготвуваме портокалите.
Измиените портокали со жешка вода ги оставаме да одстојат во сад со вода, во кој има додадено и едно лажиче сода бикарбона.
Потоа ги миеме убаво и ги оставаме во замрзнувач, да замрзнат.
Во касерола на тивок оган ги ставаме млекото, шеќерот да почнат да вријааат.
Нека провријаат 2-3 минути, па ги додаваме чоколадото и путерот.
Смесата на тивко ја изедначуваме со постојано мешање.
Тргаме од оган.
После 10 минути ги додаваме мелените плазма бисквити, мелените ореви и ренданите на ситна страна на рендето портокали.
Промешуваме и убаво соединуваме.
На даска за колачи ставаме една розен кора.
Нанесуваме од се уште топлиот фил, 3-4 лажици и израмнуваме.
Повторно кора, фил....до истрошување на состојките.
Најгорната кора не ја премачкуваме.
Врз неа ставаме алуминиумска фолија и некој тежок предмет.
Нека одстои така 2-3 часа.
Потоа тортата ја прелеваме со подготвената чоколадна глазура, нежно расфрламе конфети.
Сечиме на штангли и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани