1. Батакот од мисирка се засекува и се ставаат путер, рузмарин и парчиња лук. Сенфот и медот се мешаат и со нив се премачкува батакот.

2. Се става во тава обложена со хартија за печење и премачкана со маслиново масло и се пече 30-тина минути на 200 степени. (Батакот е чаден и не треба долго да се пече).

3. Карфиолот се сече на поголеми парчиња, се зачинува и се пржи кратко од двете страни во тава со маслиново масло.

4. Компирите се лупат и се сечат на тенки парчиња. Тавата се обложува со хартија за печење, се премачкува со маслиново масло и во неа се редат компирите. Се зачинуваат и се ставаат да се печат. Колку долго ќе се печат зависи од вас и од тоа колку крцкави сакате да бидат.

5. Во тава со маслиново масло се пропржува 1 главица кромид. Се додаваат морковите, магдонос, рузмарин, сол, печеница исечена на ситни коцки и 150 мл бело вино. Откако виното ќе испари се тргаат од оган и се готови за сервирање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани