Во потрага по рецептот го најдов и вистинското име.
Исфрлена руска торта.
Не знам зошто ја исфрлиле, но знам дека нас ни се одомаќини во домот.
Рецептот е интересен и за мене баш празнична.
Во садот кој ќе го месите тестото кое ќе биде подлога ставете го брашното,какаото, шеќерот, ванилата, јајцето пецивото па промешајте ги сувиве состојки со дрвена лажица.
Додајте го путерот и замесете полека убаво мазно тесто.
Завиткајте го во најлонска фолија па ставете го 30 минути во ладилникот.
После 30минути,извадете го и поделете го на два еднакви делови.
Едниот дел распостелете го по подлогата на калапот во кои ќе го спремате колачот.Распостелете и развлечете убаво и по висината на калапот.Некаима околу 2 сантима во висина.
Во друг сад на страна изматете ја павлаката со јајцата,па додадете го претходно стопениот путер,Зачинете со ванилите и пудингот од ванила.
Така густата смеса префрлете ја во калапоти растресете го убаво калапот да легне смесата рамномерно.
Од останатото тесто растегнете кора со дебелина од еден прст.
Со калап извадете фигури и распостелете ги по површината на колачот.
Од остатокот тркалајте мали топчиња па фрлете ги во внатрешноста на смесата.
Кога ќе се испече ќе дојде малку декориран,шарен внатре.
Оставете да се пече колачот точно 1 час на 180 степени.
Кога е печен наросете го шеќер во прав.
Сервирајте и сечете кога е ладен.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови