Овој рецепт не никаква новина... јас само да се надоврзам на поставената тема. Вака спремале и нашите баби, нашите мајки, па сега ние од нив...што значи спага во категоријата на традиционалните рецепти.Зависно од кој регион сме - некој го нарекува Јанија со јајца, некој Каша со јајца, а јас сум го прекрстила во Поширано јајце во доматен сос.... демек помодерно име... , а многу подсетува и на Ајпрен супата или по нашки Јајца на вода...
ПРИПРЕМА
Во садот во кој што ке го спремамо сосот - го ставаме зејтинот да се загрее, додаваме ситно сецканиот кромид и брашното да се пржат заедно. Кога рабовите на кромидот веке заруменат- брашното е печено, додајте црвениот пипер - лесно измешајте. Тргнете од огнот и веднаш додадете го сосот од доматите или изрендан поголем патлиџан. Промешајте и додајте ја водата. Овкусете по ваш вкус со вегета, сол - додајте магданосот. Оставете да проврие. Намалете ја температурата и внимателно кршете едно по едно јајце и ставајте во веке зовриениот сос но притоа внимавајки да ви останат цели јајцата. Покријте го садот и оставете сосема на тивко да крчка - да се забули јајцето (да се стврдне белката) ушгте малку поварете така да добиете цврста белка, а ровита жолчка - сепак тоа останува вие да изберете, зависно како сакате да го јадете јајцето - дали ровко или потполно варено.
Тоа е драги мои. Сервирајте во чинија и посипете со свеж магданос.
Да ви е слатко!
ЗАБЕЛЕШКА
Сакам да забележам дека денескао кога го спремав овој БЛИЦ рецепт јас ставив коцка за пилешка супа наместо вегета. Бидејки го изрендав доматот на едрата страна од рендето - не ми се бендиса текстурата и го префрлив сосот во блендерот- изблендирав и вратив повторно да се довари. Јајца ставате онолку колку што мислите да послужите. Обично се служат две јајца по особа... но јас денес ставив по едно. Сосот треба да е доволно густ.. не реток, ама не и прегуст- да не е баш класична каша. Кога се вари сосот, ако оцените дека е прегуст,,додајте слободно вода и разредете го и пак нека се довари. Наместо домати - зимата користам од сосот кој го спремам летото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани