Почата е турско печиво кое е прилично вкусно поради миксот од зачини кој се употребува во филот. Секогаш може филот да се прилагоди по желба, но сепак смесата од фета сирење со зачини е најдобрата варијанта за полнење.

1. Во длабок сад се мешаат брашното, солта и квасецот.

2. Се додава путерот, белката, јогуртот и маслото. Се меси меко тесто.

3. Зачините ситно се сецкаат и се мешаат.

4. Издробеното сирење се меша со зачините и со малку јогурт да се добие кремаста смеса. По желба се додава црн пипер или лути пиперчиња.

5. Се зема топче од тестото малку поголемо од орев и се сука, се засекува два пати на едната страна. Во средина се става сирење и се превиткува така што засеците ќе дојдат од горната страна. Се редат на хартија во плех.

6. Се премачкуваат со жолчка од јајце измешана со малку масло

7. Се наросуваат со сусам или ким. Се печат на 200 степени, 15-20 минути.

Зачините може да бидат свежи или суви, какви што имате. Ако се свежи пожелно е да се исечкаат што поситно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови