Јајцата се матат со вилушка, пилешкото бело месо најпрво се валка во презла, па во јајце и пак во презла, се става на загреано масло да се пржи додека порумени од двете страни и се вади на страна. На малку масло се сецка кромидот и маслинките и се става да се запржи 2 минути, потоа се додаваат печурките и се трга на страна. Откако е тргнато на страна се додава сенфот и се посолува по вкус, овој сос се прелива врз похованото пилешко.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови