1. Модрите патлиџани убаво измијте ги и исушете ги бришејќи ги со кујнска хартија.

2. Исечете ги на подебели кругови, па наросете сол и црн бибер. Промешајте ги добро.
3. Валкајте го секое крукче во брашно, па пржете ги во загреано масло. Готовите модри патлиџани тргнете ги на страна, па спремете го сосот.
4. Во сецкото исецкајте кромид и лук. Запржете ги убаво, па штом стануваат стаклени, додадете ги пасираните патлиџани. Нека повари на тивко, па штом смесата ќе стане убаво соединета, пред крајот, посолете и додајте го ситно сецканиот свеж магдонос.
5. Помешајте со претходно пржените модри патлиџани или сервирајте како прилог.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови