Во поголемо количество вода која е малку посолена се варат макароните. Не треба да бидат преварени, туку алденте бидејќи дополнително ќе се печат.
Во меѓувреме се спрема филот.
Во тенџерче се става маргаринот да се растопи. Се додава брашното да се запржи малку, па се налева млекото постепено и се меша постојано, најдобро со жица за матење. Кога ќе се згусне бешамелот се трга од оган, се става издробеното сирење и се промешува. Се додава сенфот и се зачинува со сол по вкус. Количеството на сол зависи од соленоста на сирењето.
Макароните се истураат во тавчето за печење. Се преливаат со бешамелот и се промешуваат. Одозгора се ренда кашкавалот и се ставаат во загреана рерна.
Се печат на 220 степени додека не заруменат. Јас ги печам со опцијата долен греач и вентилатор, така се побрзо готови. Но секако дека може да се печат во стандардна рерна.
Кога ќе се испечат извадете ги од рерната и оставете ги малку да се оладат, па послужете ги.

Пријатен апетит!

Освен сирење може да додадете и нешто сувомеснато, но тоа е веќе работа на вкус.
Сликите се направени кога веќе јадењето беше оладено. Кога е топло е покремасто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани