Ова јадење излезе сосема случајно еден ден кога се мислев што да зготвам за ручек и навистина имав мака како да го наречам, хех
Ама како и да е без разлика што имав потешкотија за името, начин на приготвување е многу лесен, а тоа е превкусно.
Најпрво од смесата правиме малечки кофтенца ( месото мелено го мешаме со ситно сецканиот кромид и мешаниот зелечук) и така ги пропржуваме во тава, само не многу оти после тоа повторно ќе се печат да не се многу суви. Исто така во тенџере на оган ги ставаме компирите да се сварат, ама внимаваме да не се преварат.
Откако кофтенцата и компирите се готови следува наредниот чекор.
Земаме малечки земјени тавички и започнуваме. Ставаме наизменично од кофтенцата и од претходно сварените компири кои ги имаме исецкано на ситни коцки, се додека не се пополни тавата. Потоа ставаме малку доматно пире, и така правиме се додека не ги потрошиме кофтенцата и компирите.
Во друг сат ти матиме со вилушка јајцата, го додаваме јогуртот и млекото и се заедно продолжуваме да мешаме.
Секоја тава ја полеваме со течноста и ставаме во загреана рерна да се потпечат околу 15на минути.Пред да ги извадиме ставаме од наренданиот кашкавал и повторно уште 5-10 минути ги враќаме во рерна додека не се растопи кашкавалот.
Од горе наросуваме со благ или лут буковец зависно од вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови