1. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, циметот, тиквата, медот, млекото и екстрактот од ванила. Промешуваме. Бананата ја сечеме на кругови, половина од едната банана оставаме за одозгора, а другата ја додаваме во смесата. Од сецканите ореви малку оставаме за одозгора а другите ги додаваме во смесата. Промешуваме. Смесата ја оставаме 5 минути да постои.

2. Смесата ја ставаме во мал и плиток сад за печење. Одозгора ги ставаме преостанатите кругови банана и оревите. Печеме во загреана рерна на 180 степени 35 минути, во зависност од рерната може да се продолжи времето на печење, ќе проверувате после половина час.

Оставаме да се излади.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани