Ги лупиме компирите и ги сецкаме во вид на коцки, па ги ставаме во сад со вода (за да не потемнат).
Потоа, ситно ги сецкаме - кромидот, пиперките, морковите и ги ставаме да се пржат, заедно со шампињоните. Пржиме на тивок оган, околу 20-30 минути, додека добро се испржи и омекне зеленчукот (како на сликата). Па го додаваме доматот (исецкан).
Следно, го додаваме исецканиот компир, пржиме уште 10тина минути (доколку забележите дека смесата се лепи за тавчето додадете малку вода).
По 10тина минути го додаваме и оризот. А по него и зачините како и вода (околу 150мл.).
Го оставаме јадењето да се крчка околу 10 минути и привремено промешуваме.
Потоа, го ставаме да се пече на 180 степени, 40тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани