Гравот заедно со исецканиот кромид во посолена вода се варат.
Спанаќот убаво се мие, се сецка(јас го кинам со рацете) и се става во тенџере да омекне, па се додава сол по вкус.
Откако ќе се свари гравот се додава спанаќот, црн и црвен пипер и се става во плех и малку од водата во која се варел да се запече само, на 220-250 С, 30 минути.
Мене ми се допаѓа вака посничко, инаку на моите дома и не баш, тие сакаат мрсничко, густичко, запршки и ред други работи =)))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови