1. Подготовка на бешамелот
Во мало тенџере ставете го млеко од соја да се загрее. Во друго тенџерче ставете го маргаринот да се стопи, потоа додајте го брашното и малку пропржете го. Додајте го врелото млеко и со жица мешајте го сосот да се згусти. Додајте сол, бибер и рендано морско оревче по вкус и тргнете го на страна да олади.
2. Подготовка на филот
Шампињоните исечкајте ги на тенки листови.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло. Додајте ги печурките и оставете ги да се пржат додека испари течноста што ќе ја пуштат. Потоа додајте го лукот и пржете ги уште 2-3 минути. Тргнете ги на страна, додајте го магдоносот, сол и бибер по вкус, измешајте и оставете ги да оладат.
3. Подготовка на палачинките
Состојките за смесата ставете ги во еден сад и со миксер или жица малку изматете ги да се изедначат и потоа на загреана тава испечете палачинки.
Секоја палачинка намачкајте ја со по две лажици бешамел сос и наредете од печурките. Завиткајте ја како триаголник и редете ги во плехче обложено со хартија или намачкано со масло. Сосот што ќе ви остане наредете го над палачинките, посипете ги со малку сусам и попрскајте ги со масло.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 мин.
Послужете ги топли со мешана свежа салата.
Време е на пости и ова е мој предлог за вкусен оброк. Јас не ставив, но над бешамелот кога ќе ги филовате ако сакате може да додадете и рендан посен кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани