Се става квасецот да стаса со млака вода, шеќер и малку брашно. Во блендер ставете ги семките и лененото семе и изблендирајте ги малку да останат како кршени.
Ставете ги двете врсти на брашно и додадете ги останатите состојки. Замесете меко тесто и оставете да стаса.
Кога е стасано премесете го тестото и кинете мали парчиња, направете топче и расукајте го во правоаголна форма. Завиткајте го како цигара. Наредете ги во подмачкан плех со масло или маргарин.
Секоја кифла премачкајте ја со масло, ставете сусам и парче маргарин. Може да се стави и буковец по желба.
Релната се загрева на 210 С и се печат додека не поцрвенат. Додека чекате да се загрее релната ќе стасаат уште малку.
Овие кифли се одлични за посни слави, а нормално и за оние што сакаат да се замезат со некоја посна салата како малиџано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови