Не дека навистина ја прават во Црна Гора, туку јас така ја крстив бидејки е едноставна и без многу маткање во кујна (со други зборви ако ве мрзи или немате многу време, а сепак сакате да направите изврсно вкусно благичко за вашите најмили).
Состојките за сувата смеса заедно убаво ги мешате.
Јаболката ги лупите и рендате, додавате ванилата, шеќерот и циметот.
Лешниците ги сецкате.
Тава бр 30 ја премачкувате со малку масло и ставате слој од сувата смеса, врз сувата смеса ги ставате ренданите јаболка и после наросувате со сецкани лешници, повторно нанесувате слој сува смеса, јаболка и лешник и завршувате со сува смеса. Врз колачот го потурате маслото. Вака колачот го оставате да одстои 1 час, (за јаболката да го пуштат сокот). Печете во загреана рерна на 200 Ц, додека убаво не поцрвени горниот слој.
Одозгора попрскувате со шеќер во прав,

Можете во филот да ставите и суво грозје, и така е убаво или лечникот да го замените со орев.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови