Тортава е превкусна и воопшто не се познава дека е посна. Топло ви ја препорачувам. Јас ја направив со помалку состојки, а овие мерки што се наведени се кога тортата ја печеме во плех од шпорет и ја филуваме на три дела.

*чашата е од 200 мл (се' се мери со истата чаша)

Прво го подготвуваме пандишпанот. Во сад ги ставаме сите суви состојки, па ги додаваме сокот и маслото и убаво мешаме со лажица.
Плехот во кој ќе ја печеме тортата го намастуваме и набрашнуваме и печеме на 200 степени околу петнаесет минути.
Готовиот пандишпан малку оладен го премачкуваме со мармалад од портокал.

За филот водата ја загреваме, ја додаваме таан алвата Дониа, чоколадото, ванилата и вариме на тивок оган неколку минути додека се изедначи смесата. Вадиме од оган и ги додаваме лешниците и бисквитите. Оставаме убаво да се олади.
Ја филуваме тортата по наш избор-може да ја сечете на половина или на три ленти или како мене целиот фил да го ставите згора.
Декорираме со рендано чоколадо.